По повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, честитка до граѓаните на Охрид упати градоначалникот Кирил Пецаков.

Нека ни биде честит големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација.

Да им оддадеме почит и благодарност на сите кои се вградиле во создавањето на слободна и независна Македонија и заедно сплотени, да продолжиме по патот на развојот и напредокот, градејќи модерно и просперитетно општество. –  се вели во празничната честитка на градоначалникот Пецаков.

OhridNews