МВР и Обвинителството да спроведат темелна истрага за последните локални избори во Охрид, бараат од општинската ВМРО ДПМНЕ. Како што истакна на денешната прес конференција Кирил Пецаков, член на Извршниот комитет на партијата, барањето произлегува од претходно изнесени информации од страна на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, според кого имало нерегуларности при локалните избори во Охрид.

  • Во дел од сведочењето на првообвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели цитирам: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“, затворен цитат. Од ова тврдење на Заев може да се заклучи дека Костантин Георгиески победил на наместени избори, зад кои стоел токму Заев со помошта на паравојската на осудениот за „Рекет“, Зоки Кичеец кој пак во меѓувреме беше ослободен од домашен притвор. Во прилог е и тоа што средбата помеѓу Бојан и Заев е на 3 април, на самиот старт од официјалниот почеток на изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, кои се одржаа на 21 април, рече Пецаков.

Покрај истрага за случајот, од ВМРО ДПМНЕ бараат и одговори од актуелниот градоначалник Константин Георгиески и доколку постои вмешаност, негова одговорност и оставка.

  • И трето, врз основа на тоа како ќе се одвива истрагата, а понатаму и судбината на тој процес ќе бараме ревизија на сите одлуки на градоначалникот кој според тврдењето на Заев, кое го пренесува првообвинетиот Бојан Јовановски, победил на наместени избори со паравојската на Зоки Кичеец, рече Пецаков.

OhridNews