Имаме план за Охрид и знаеме како треба да се развива Охрид во следните години. Со знаење и програма во која се реално остварливи проектите гарантираме нивно исполнување, а охриѓани знаат дека можат целосно да ни веруваат, рече на денешната прес конференција Кирил Пецаков, кандидат за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“.

Секоја уличка, секое место, секоја врата за време на капмањата се наша обврска затоа што ние сме секогаш со нардот и за народот. Да ги земеме работите во свои раце и да започнеме да создаваме нова иднина со заеднички сопствен печат, иднина каква што посакуваме и каква што заслужуваме. Промена на системот на вредности кои сега владеат и лошото однесување, рече Пецаков.

Додава дека ќе работат на проекти за развој, за грижа, проекти со кои Охрид има да се доближи до европските градови и држави. Победа на духот над малодушноста, верба во квалитетот на нашиот народ на сите етнички заедници.

Заедно да направиме професионализирана и ефикасна администрација. Економски силна општина за подобар животен стандард на сите. За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место, нови инвестиции, економски раст и развој на стопанството, вели Пецаков.

Наша главна одлика се аргументите за изборните програми. Токму наредните денови нека бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на граѓаните на Охрид, додава Пецаков.

OhridNews