Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат, а не пак да се набавува современа медицинска опрема. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен, рече на денешната прес конференција, Д-р Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството. Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот кандидат, туку последниот. За Директорот на ЈЗУ „Општа болница“ и СДСМ бодирањето на кандидатите на конкурсот за медицински сестри, според тестот на знаење и успехот од образованието не се пресудни за да се стапи во работен однос. Кои се тие други параметри и квалитети коишто се земаат предвид?, праша Пецаков.

Тој додаде дека наместо да бидат вработени солидни кадри, способни и со висок просек, се врши негативна селекција, при што списокот за вработување медицински сестри кои ќе се вработат е однапред познат. Пецаков обвини дека за персонал во болницата се ставаат послушни партиски војници.

OhridNews