Празникот нека внесе радост, мир и среќа во домовите и меѓу сите луѓе, а духот на рамазанскиот месец нека го достигне врвот на својата суштина и значење преку добрите човечки односи, искреност, хуманост и простување меѓу луѓето, вели градоначалникот Кирил Пецаков во честитката упатена до верниците по повод Рамазан Бајрам.
Во тешките времиња најснажна се покажала човечноста, слогата и солидарноста. Во време на искушенија, најголема вештина е да се сочува силата, а храброст е туѓите желби да се стават пред своите. На сите, Рамазан Бајрам нека им донесе семејно единство и општествена солидарност, вели Пецаков.
Денеска како никогаш до сега потребно ни е да ги подржуваме напредните идеи и да помагаме со дела, додава во честитката градоначалникот Пецаков.
Ви посакувам Рамазанскиот Бајрам да го дочекате во добро здравје и пријатно расположение со убедување дека деновите што се пред нас ќе донесат нови поводи за радост. На сите охриѓани со муслиманска вероисповед како и на претставниците од исламската верска заедница во Република Македонија, срдечно им го честитам Рамазанскиот Бајрам, стои во честитката од градоначалникот Пецаков упетена до верниците.
OhridNews













