ЈП Водовод е единствено претпријатие кое има проблем со електричната енергија и со долг кон снабдувачот со електрична енергија. Сметките се енормно високи, веќе дваипол пати повисоки од приходите на претпријатието. Опцијата за исклучување на струја во простории на раководната зграда и наплатните пунктови постои, но во пумпите за снабдување со вода за граѓаните е скоро невозможно. Ситуацијата е безмалку слична или иста во сите градови. Ова во емисијата „Напладне“ на OhridNews го изјави градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Додава дека само за два месеци долгот на ЈП Водовод е 40 милиони денари додека состојбата во другите јавни претпријатија е стабилна. Размислуваме и за промена на пумпните станици и за инвестиции во поглед на заштедата, но тоа би било реално не повеќе од 20% вели Пецаков.

Во однос на штедењето со намалување на работните часови односно предлог од Владата за намалување на работните часови на вработените во јавните претпријатија вели тековно ќе се разгледа како опција. Но, таа струја и не е голем проблем вели Пецаков, ќе одземе од тоа што треба да претставува некаков вид на капитални инвестиции или реализирање на проекти, но проблемот со пумпите е сериозен.

Училиштата ќе имаат затоплување, за скоро ќе ги наполниме резервоарите за до крај на февруари да имаат нафта, додаде Пецаков. За граѓаните штедењето ќе биде поедноствано, но со институциите состојбата ќе биде сериозна.

Во поглед на поставување на фотоволтаици во стариот дел на градот како опција на граѓаните за штедење, УНЕСКО е ригорозен, а Пецаков вели може да се најдат решенија и за климите и за фотоволтаиците.

И за едното и за другото има решение, но веќе кога УНЕСКО препорачува, а тоа е ситуација која трае долго време, можеби заедно УНЕСКО и Општина Охрид треба да најдат начин да субвенционираат и клими без надворешна единица и фотоволтаици во форма на ќерамиди. Можеби треба да најдеме начин и Општина Охрид ама и УНЕСКО да помогне во однос на спроведување, додаде Пецаков.

OhridNews