По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со честитка.

Драги дами, Среќен 8-ми Март! Посакувам секој ден да бидете насмеани и храбри и да го издржите секој животен предизвик онака како што тоа го правевте досега. Ова е денот кога славите за својата моќна енергија со која ги остварувате сите соништа. Бидете горди што сте мудри и јаки и што имате доволно снага да го промените целиот свет, вели градоначалникот во честитката.

Вие сте добри мајки, сопруги и доволно едуцирани затоа што сте успешни менаџери, адвокати, лекари, судии, новинари, професори но и вредни работнички во фабрика или продажен објект. Посакувам секој нареден ден да ви биде како денешниов исполнет со многу љубов, внимание и убави мигови, додава градоначалникот во честитката по повд 8-ми Март.

OhridNews