Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!, вели во честитката по повод празникот градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме. Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само сплотени и со заедничка желба можеме да го направиме Охрид подобро место за живеење.

Нека овие празнични денови Ви поминат во радосна семејна атмосфера, со добра мисла и меѓусебна почит. Нека е за многу години!- стои во честитката од градоначалникот Пецаков.

OhridNews