Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се однесуваат крајно несериозно кога станува збор за здравјето и интересот на граѓаните, рече на денешната прес конференција координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.

  • Георгиески три месеци одложуваше за ребалансот на буџетот и на крајот реши да биде партиски послушник на СДСМ. За жал градскиот татко не се откажа од 17.800.000 денари за партиски вработувања, наместо да ги пренамени тие средства за помош на граѓаните и справување со економската криза. Наместо градски татко, Георгиески не се откажа од патните и дневни расходи од 540.000 денари и да помогне во борба со коронавирусот и поддршка на стопанството. Георгиески се откажа од две плати, но никако не се откажува од јадење и пиење и од дневници за службени патувања, рече Пецаков.

Како што додаде Пецаков, 2.340.000 денари е износот издвоен за патни трошоци и репрезентации.

  • ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки и апелиравме навремено, но неспособноста и незнаењето на СДСМ и Георгиески со задоцнетиот ребаланс на буџетот ги докажаа нивните неуспешни економски политики, рече Пецаков.

OhridNews