Остварена средба преку онлајн платформа на градоначалникот на општина Охрид со претставник на Fondacione Santagata -Торино, Алесио Ре и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското езеро.

Заедно започнуваме постапка за брендирање на услуги и издавање сертификати од Биосферен резерват на УНЕСКО Охрид – Преспа. Дополнително разговаравме за можности за заедничко изготвување и аплицирање за проекти во Биосферен резерват Охрид – Преспа, информира градоначалникот на фејсбук профилот.

Додава дека како пример за успешно спроведен процес бил презентиран Биосферниот резерват Монвизо – Италија.

OhridNews