Без разум и совест во период кога туристичката сезона е започната повторно се поставени рампите во центарот на градот и Горна порта. Градоначалникот Стојаноски веднаш да го поништи донесеното решение, бидејќи ќе трпат станоиздавачите, туристите, угостителите и жителите на Стар град, рече на денешната прес конференција Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

– Знаеме дека немаат сите жители на Стариот дел на своите дозволи место на живеење токму од Стар град, а за туристите воопшто да не стане збор. Која е логиката да плаќаат за картичките по 150 денари? Ова е директен удар врз туризмот. Има сопственици на имот од овој дел што живеат надвор од Охрид. Како ќе го остварат тие своето право на картички за да можат да влезат во стариот дел на градот?, праша Пецаков.

Пецаков додаде дека СДСМ еднаш ја признал грешката со начинот на управувањето на паркинзите што ја пореметило туристичката сезона и живеењето.

– Свесно ги зголемувате трошоците за живот на охриѓани и трошоците на престојот на гостите кои го посетуваат Охрид. Го повикуваме градоначалникот Стојаноски секој проект кој како Локална самоуправа сакаат да го спроведат, да се направи сериозна анализа од сите аспекти коишто ќе доведат до издржано решение а не избрзан проект проследен со низа недостатоци како зонското пракирање и режимот на сообраќај во стариот дел на градот, рече Пецаков.

OhridNews