Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во салата „Борис Трајковски“ ќе го одигра можеби клучниот натпревар за пласман на ЕП во Литванија следната година.


Противник на нашите кошаркари ќе биде единствената непоразена репрезентација во групата, Велика Британија. Првиот дуел на овие две репрезентации одигран во Њукасл, Велика Британија го доби по продолжението со 104:96.

Квалификацискиот натпревар Македонија-Велика Британија започнува во 20:45 часот.

Ohridnews