Пецаков ја презентираше програмата на мини митинг во Видобишта
13.10.25 11:28
Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Кирил Пецаков, предизборната кампања ја продолжи во населбата Видобишта каде вчеравечер беше одржан мини митинг на кој беше претставена програмата на Пецаков кој ја бара довербата од граѓаните за втор мандат.
Пецаков вети реализација на веќе започнатите проекти, подобрување на квалитетот на животот во градот, остварување на визијата за Охрид, посветла иднина.
Носителот на советничката листата Перчо Божиновски истакна дека изминатите четири години покажале што значи работа, чесност и љубов кон Охрид и сега продолжуваат уште посилно.
Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Николоски се осврна и на потешкотиите со кои градоначалникот се соочуваше во првите три години од мандатот, кога беше мета на бројни опструкции од минатата влада предводена од СДСМ и ДУИ. Воедно пред охриѓани го потенцираше и успехот на Владата околу изградбата на автопатот Охрид-Кичево, каде за година и три месеци се завршија 37км од 57км колку што треба да биде ова автопатско решение. Ги посочи и реализираните проекти во изминатиот период, а најави и реализација на два големи инфраструктурни проекти за следната година, што, посочи, се од огромно значење за Охридскиот регион како рехабилитација на патот Битола-Ресен-Охрид и автопатско поврзување на Охрид со Струга, односно делот од Подмоље до Струга и Струга-Дебар-Маврово.
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристоф Ле Риголер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид Амбасадо...
Денес од 19:00 во Охрид Мол, најмладите ќе имаат можност да уживаат во детската театарска претстава „КОГА ДЕДО МРАЗ ПЕЕ, СЕКОЈ СЕ РАДУВА И СМЕЕ” во изведба на „Весел театар“ Денешната претстава е д...
Четвртиот по ред еко пазар на „Училиштата без пластика” ќе се одржи утре, 20-ти декември од 1200 часот во Охрид Мол Пазарот на облека, обувки, книги и други предмети на втора рака е дел од на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.