Изградба на дел од фекалната канализација меѓу Долно Лакочереј и Орман и реконструкција на дел од „Туристичка“ најави кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Нареден приоритетен проект во мојата програма е изградбата на дел од фекалната канализациона мрежа меѓу Долно Лакочереј и Орман. Грижата за животната средина ја спроведуваме на цела територија на Општина Охрид. Заедно, ги решаваме децениските проблеми. Работиме посветено и транспарентно, чекор по чекор, за модерен развој на нашата општина, вели Пецаков.
Претходно, го најави и проектот за реконструкција на дел од Булеварот„Туристичка“ (од ул. „Стив Наумов“ до ул. „Јане Сандански“).
Со проектот е опфатено нови тротоари за безбедно и пријатно пешачење, целосна реконструкција на велосипедските патеки, модерно и ефикасно јавно осветлување, како и оставување нови клупи за одмор и канти за отпадоци. Овој потег го трансформираме во вистинска урбана зона, насочена кон пешаците, велосипедистите и модерните стандарди. Работиме за поубав, почист и побезбеден Охрид!, додаде Пецаков.
OhridNews