Охрид заслужува модерен и уреден пазар!  Еден од моите приоритетни проекти е целосно уредување на отворениот дел на градскиот пазар, најави денес кандидатот за градоначалник на Охрид Кирил Пецаков поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ како дел од приоритетните проекти во програмата за претстојните локални избори.

Охриѓани, нашите трговци и сите гости кои го посетуваат градот, добиваат:

  • Модерна настрешница за заштита од дожд, сонце и снег.
  • Соодветни и функционални тезги за подобро искуство при пазарењето.
  • Поуреден и почист амбиент кој прилега на еден туристички центар, истана Пецаков.

Додаде дека продолжуваат со посветена работа за уште подобар Охрид.

OhridNews