Градончалникот на Охрид Кирил Пецаков, вчера оствари  средба со Владимир Димитриевиќ, кој како дел од македонската репрезентација учествуваше на Европското Таеквонд-до ИТФ првенство и освои бронзен медал.

Ова претставува голем успех на Владимир, за Охрид и Македонија бидејќи во категорија јуниори од 1000 натпреварувачи го освои борнзениот медал, вечи градоначалникот Пецаков.

Упатувам честитки до Владимир и членот на неговиот тим и тренер Марjанчо Лазарески. Посакувам во иднина да не радуваат со уште повеќе освоени медали. Сакам да го потврдам ставот дека во Општина Охрид може да гледаат како на партнер во спортот и во иднина ќе стоиме како поддршка на сите спортисти и спортови во Охрид, објави по средбата на социјалните мрежи градоначалникот на Охрид.

OhridNews