Денес, на Светскиот ден на органодарителството важно е да се потсетиме на една од најголемите човечки вредности, а тоа е да се подари и да се спаси живот, вели градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.
За оние кои чекаат трансплантација секој ден е исполнет со неизвесност и со надеж дека ќе пристигне веста која може да им го промени животот. За нив и за нивните семејства, донорството не значи само орган, значи нова шанса, нов почеток и можност повторно да бидат заедно со своите најблиски. Како човек, длабоко ме трогнуваат приказните на оние кои ја чекаат својата шанса за живот, но истовремено ме исполнува со огромна почит, благодарноста за сите донори и нивните семејства кои во најтешките моменти, носат храбра и благородна одлука да подарат живот, посочува Пецаков.
Органодарителството, потенцира, е огромен чин на човечност и љубов, додавајќи дека е е важно да се зборува за него, да се информира и да се подигнува свеста.
Само со поголема информираност можеме да создадеме општество во кое ќе има поголема сила од стравот и неизвесноста. Да зборуваме за органодарителството. Да даруваме живот. Да бидеме хумани. Да бидеме луѓе, вели Пецаков.
OhridNews














