Месецот февруари е посветен на подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. Верувам дека преку континуирана поддршка и конкретни активности можеме да придонесеме за поголема инклузија, поквалитетен живот и зајакнување на нивните права и достоинство, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ има значајна улога во информирањето на јавноста, унапредувањето на разбирањето за овие состојби и разбивање на предрасудите. Општина Охрид во континуитет ја поддржува оваа кампања, затоа што само преку заедничка соработка можеме да изградиме похумано и посолидарно општество, потенцира Пецаков.

OhridNews













