Градоначалникот Кирил Пецаков беше дел од државната делегација која кој оставри средби во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции:
- дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита,
- работиме на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот регион на Листата на светско наследство,
- ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап,
- Охрид бара лидерство и конкретни дела, вели Пецаков.
Оваа посета, додава, е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за нашето наследство.
Продолжуваме посветено и со конкретни чекори да ја оправдаме довербата и да го заштитиме нашето природно и културно богатство. Охрид бил и ќе остане светски!, потенцира Пецаков.
OhridNews













