Градоначалникот Кирил Пецаков беше дел од државната делегација која кој оставри средби во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Оваа посета, вели Пецаков, е исклучително значајна, бидејќи за прв пат еден градоначалник на Охрид остварува директна средба со Генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани. Покрај средбата со Генералниот директор, остварени биле средби и со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, и претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб.

Како татко на градот, моја должност е гласот на Охрид да се слушне директно таму каде што се носат одлуките за светското наследство. На средбата јасно ги пренесов нашите позиции:

  • дека Охрид е наш врвен приоритет и заедно во тесна соработка со Владата, остануваме целосно посветени на спроведување на препораките за заштита,
  • работиме на долгорочна и одржлива заштита која ќе го зачува статусот на Охридскиот регион на Листата на светско наследство,
  • ја истакнавме подготвеноста за продолжување на соработката со Република Албанија, бидејќи езерото бара заеднички пристап,
  • Охрид бара лидерство и конкретни дела, вели Пецаков.

Оваа посета, додава, е само почеток на една нова ера на транспарентна и засилена грижа за нашето наследство.

Продолжуваме посветено и со конкретни чекори да ја оправдаме довербата и да го заштитиме нашето природно и културно богатство. Охрид бил и ќе остане светски!, потенцира Пецаков.

OhridNews