Кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, најави дека приоритет во неговата програма во вториот мандат ќе биде решавање на проблемот со фекалните води во село Трпејца.
По децениска потреба, во тек е изградбата на пречистителна станица во Трпејца! Ова е круцијален проект за чиста околина.
Продолжуваме со решавање на клучните инфраструктурни проблеми. Како приоритетен проект за наредниот мандат е изградбата на секундарна канализациона мрежа во село Трпејца. Со ова, систематски ја заштитуваме нашата околина и езерото, вели Пецаков.
Нашите заложби за заштита на животната средина не се само декларативни, туку реални дела, порачува Пецаков.
OhridNews