Во присуство на својата фамилија, долгогодишни деловни соработници и пријатели г-нот Махмуд Нијази го прослави златниот јубилеј, 50 години од успешното работење на својата фирма “Суна“.


При одбележувањето на златниот јубилеј преку видео записот насловен “Живот како виножито“ беше преставен животниот пат и работниот век на еден од најуспешните охридски “мајстори на занаетот“ Махмуд Нијази.


Нијази не ги заборави своите долгодишни соработници за кои имаше подготвено признаници преку кои ја изрази благодарноста за годините минати во успешна соработка.


– Пресреќен сум, ги нема тие зборови со кои можам да го опишам она што го чувствувам. Во овие 50 години сум вложил доста труд, не сум дозволил да ме прегази времето и благодарение на мојата храброст, умешност и самопожртвуваност сум го стекнал сето ова . Посебно ми е драго што овој ден го поминав со моите соработници и многу драги пријатели. На младите кои ќе ме наследат би им порачал да не гледаат на бизнисот само за денес, туку да мислат и на утрешниот ден и да работат вредно, чесно и поштено и да бидат вистински професионалци во својата струка – рече славеникот Нијази.


Педесет години  “Живот како виножито“

Ohridnews