Педијатрите од земјава, во идниот период ќе можат да се доедуцираат во најпрестижните американските здравствени институции.

Министерот за здравство Никола Тодоров, договорил соработка со детската болница во Сиетл, каде македонските педијатри ќе имаат можност да се стекнат со соодветно искуство и знаење.

Ова следува, по потпишувањето на меморандумот за соработка,  при посетата на ресорниот министер на повеќе медицински центри во САД.

Инаку, медицинските области врз кои ќе се фокусира меморандумот, покрај педијатрија  ќе бидат неврохирургија, рехабилитација, ортопедија, трансплантација, неонатологија и кардиоваскуларна хирургија.

OhridNews