Американската РНБ ѕвезда Келис, должи речиси милион долари на име неплатен данок, пренесуваат американските медиуми.

Во периодот од 2004 до 2010 година сопственичката на хитовите “Milkshake” и “4th of July” не ги подмирувала своите обврски спрема даночната служба, поради што неодамна и е поднесена тужба.

Келис во тој период била на врвот од славата, па ќе и биде многу тешко пред судот да ја изнесе својата одбрана и да ја докаже невиноста, бидејќи и претат сериозни последици доколку не ги подмири сите побарувања кон државата.