На 12 и 13 јули, „Жито Леб“ – Охрид организира дегустација на новите деликатесни производи кои наскоро ќе се најдат во витрините во сите „Жито Леб“ пекари.
Дегустацијата ќе се одржи во пекарата на „Жито Леб“ кај охридскиот пазар и ќе биде збогатена со присуството мајсторот Милијан Дишиќ од Србија во својство на демонстратор, како и традиционалните пекарски мајстори од „Жито Леб“.
За време на двата дена додека трае дегустацијата, потрошувачите ќе имаат можност да купат еден, а да земат два производа како дел од дводневната акција.
OhridNews












