Поради интервенција на водомерна инсталација во објект, денеска, 2 декември, прекин во водоснабдувањето ќе има на следните улици: дел од „Партизанска“ од Факултетот за туризам и угостителство до пресекот со улицата „Асном“, дел од Кеј. „Македонија“ од Хотел Милениум до пресекот со улицата „Асном“ и делот од улицата „Асном“ од пресекот од Кеј „Македонија“ до кружниот тек кај Бул. „Туристичка”, најави Водовод Охрид.

Инаку, првично прекинот во водоснабдувањето беше најавен за минатиот петок, но на барање на охридските угостители ЈП Водовод Охрид интевренцијата ја одложи за понеделник, 2 декември.

OhridNews