Охридските ракометари ги очекува пеколен ритам во Супер лигата каде што ќе одиграат три натпревари во следните десет дена.

Охриѓани ќе немаат премногу одмор бидејќи в среда во „Билјанини Извори“ гостува тимот на Тинекс Пролет.
Последниот натпревар од трите мечеви охридските ракометари ќе го одиграат во Битола против Пелистер на 25/26 октомври.
По четири одиграни средби „сините“ имаат две победи, едно реми и еден пораз и со седум бодови се наоѓаат на третата позиција на табелата.
Мх.П.











