Во натпревар со пет голови, Охрид со 3-2 го совлада Кадино и со триумф ја заврши есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Охриѓани, со победата на СРЦ „Билјанини Извори“ им го предадоа фенерот на Кадино и на претпоследната позиција ќе ја поминат зимската пауза.

За издвојување од петте погодоци се маестралната контра на Охрид и погодокот на Александар Ѓорѓиески за 2-0, како и проектилот на гостите за намалување на негативата 2-1. Погледнете ги головите од мечот Охрид – Кадино.

OhridNews

Голеада на „Билјанини Извори“, Охрид подобар од Кадино