Ракометарите на Пелистер се нови предводници во Супер лигата, откако со 28-19 (11-10) славеа во заостанатиот натпревар со Пролет од 11-та рунда во шампионатот.


Двете екипи одиграа изедначен прв дел, а Пелистер со минимална предност (11-10) замина на одмор.

Во второто полувреме, домашните ракометари уфрлија брзина погоре, гостите неможаа да парираат и на крајот претпрпеа убедлив пораз од девет голови разлика.

Пелистер, сигурно ќе ја зачува првата позиција на табелата во следното коло, бидејќи пред своите гледачи го пречекува составот на Работнички.

OhridNews