Охридскиот ракометен состав викендов ги започнува натпреварите од Првата македонска рекометна лига, а во арената “Атина Бојаџи“ гостува битолски Пелистер Јуниор.


Сите добро знаеме што преставува Битола како град сите знаеме каква трага има оставено во македонскиот ракомет па екипата на Пелистер Јуниор 08 не е за потценување. Одсекогаш Пелистер имал младинска ракометна школа која ја докажала својата продуктивност, цел и намена – велат од охридскиот клуб.

По триумфот над Струга во купот “гладијаторите“ најавуваат уште една беспоштедна борба на теренот и секако нова победа.


Ова е клуб кој функционира на волонтерска основа и е формиран од еден ентузијастички налет, градот Охрид и луѓето кои доаѓаат да не гледаат и бодрат се нашата единствена моторна сила која не движи и не тера во победи. Момците од овој клуб секогаш ќе се трудат да не ги разочараат своите фанови, секогаш ќе одат на победа и секогаш ќе играат со срце за Охрид – вели голманот Китевски кој очекува посетеноста на ниво од Куп натпреварот со Струга Илинден.

Мечот Охрид – Пелистер Ј. се игра в недела до 17 часот во СРЦ “Атина Бојаџи“.

М.П.