Со спонзорството од “Газпром“ лигата ќе добие ново име и нови критериуми. Лигата ќе се вика “Јужен тек“, а еден од главните критериуми ќе биде секој клуб да има спортска арена со повеќе од 2000 седишта.
Трет македонски кандидат после Вардар ПРО и Металург, кој сака да биде дел од регионалната лига е битолски Пелистер. Но, нивната сала во Битола не ги исполнува критериуми од челниците на СЕХА, а охридската арена “Билјанини Извори“ заедно со “Борис Трајковски“ можат да бидат домаќини на мечеви “јужниот тек“.
Затоа Пелистер додека нивната арена не се реновира и приспособи за натпревари од регионaлата лига, натпреварите како домаќини ќе ги играат во Охрид.
Зад името на “Билјанини Извори“ стојат многу успешни организации на натпревари од меѓународен карактер, а секако за издвојување е организација на Европското пренство во 2008 година, кога Охрид и Скопје беа домаќини на “женските ракометни супер ѕвезди“.