Битолски Пелистер е нов лидер на табелата во Супер лигата по комплетното одигрување на третата рунда од ракометниот шампионат.
„Зелено белите“ нови три бодови прокнижија на гостувањето во Скопје кај Пролет со триумф 28-21 и се искачија на врвот од суперлигашката табела.
Во дербито на колото ракометарите на Еурофарм Работник го преслушаа Радовиш со 28-17 и им го нанесоа првиот пораз сезонава на радовишани.
Во третата рунда охридските ракометари паузираа, а во следната четврта на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Радовиш.
Резултати: Металург 2 – Вардар Јуниор 22-23, Пролет – Пелистер 21-28, Борец – Прилеп 29-22, Радовиш – Еурофарм Работник 17-28.
Табела: Пелистер 6, Радовиш 6, Еуфофарм Работник 4, Охрид 4, Борец 4, Прилеп 3, Вардар Јуниор 3, Металург 2 3, Пролет 1.
OhridNews