Некогашниот македонски фудбалски гигант , моментално “заглавен“ во втората македонска лига посакува експресно враќање во елитата. По првиот дел од сезоната “чкембарите“ се на четвртата позиција со еден бод помалку од лидерот Дрита.

Амбициите се вракање во Првата лига , каде што Пелистер и природно припаѓа , се надеваме дека тие амбиции кон крајот на мај ке станат и реалност . Екипата се засили со неколкуфудбалери , кои потекнуваат од  битолска фудбалска скола , а настапуваа за други клубови во земјата – вели тренерот на “пелистерци“, Секуловски Марјан.

И Пелистер како и остантите клубови кои останаа во Македонија се соочија со доста проблеми за време на подготовките пред се предизвикани од непогодните временските услови. Според битолчани одложувањето на стартот на лигата е добар потег,

–    Нема услови за одигрување на 80 % од натпреварите во 1 коло.  Ние гостуваме во Дебар со Кораб , каде што има многу снег , на што ќе личеше тој натпревар , доколку требаше да се игра, на се` ќе личеше , ама на фудбал најмалку , сигурен сум дека одложувањето е паметен потег – порача  Секуловски од Охрид

За време на подготовките во Пелистер одигра само 5 контролни натпревари ,и тоа два во Дојран , со Турново и Брегалница , и три во Охрид , со Напредок два пати и со Ренова.

Во овај период резултатите не ни се во преден план , туку секогаш работиме на воигруванје на тимот и барање на алтернативни решенија во играта . по одигрувањето ан сите натпревари ке имаме многу појасна слика околу можностите на секој играч индивидуално , а и целата екипа како колектив  – истакна Секуловски

Ангажманот на играчите , нивната желба , мотивираност , дисциплина и професионална работа во овај подготвителен период , ги прави битолчани оптимисти кон исполнување на  зацртаната цел , враќање на Пелистер во Првата лига.

М.П.