Екипата на Пелистер успешно ја одработи својата задача во последната рунда од Супер лигата победувајќи го Вардар Јуниор со 37-26 (21-12) пред своите гледачи.
Ракометарите на Пелистер победата на домашен терен ја обезбедија со добра и ефикасна игра во првиот дел кој го добија со девет погодоци (21-12). Во вториот период „зелено белите“ ја зголемија предноста за два погодоци за конечни 37-26.
Со триумфот над „црвено црните“, Пелистер се одлепи од Охрид на врвот од табелата, но „гладијаторите“ имаат натпревар за играње во Радовиш против истоимената екипа.
Охридските ракометари со победа над Радовиш ќе бидат шампиони во регуларниот дел од Супер лигата поради подобриот меѓусебен скор со Пелистер, а ако изгубат ќе паднат на третата позиција поради послабиот скор со Еурофарм Работник. Во случај на нерешен исход охриѓани ќе завршат на втората позиција.
OhridNews