Фудбалерите на Пелистер славеа триумф на контролниот натпревар против Охрид кој се одигра попладнево на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола. „Зелено белите“ победија со 4-0, полувреме 1-0.

Битолчани отпорот на охридските сино бели го скршија во финишот од првиот дел. Избраниците на Драган Бочески не искористија неколку прилики за погодокот и казната стигна преку Јанушев. Во второто полувреме, Охрид ротираше во составот а домаќините победата ја запечатија со три голови.

„Рибарите“ контролните мечеви ќе ги продолжат викендов против Кораб на домашен терен.

Состав на Охрид: Симоновски, Маркоски, Лекоски, Вељаноски, Ариф, Алији, Ристески, Целески, Наумоски, Кочоски, Реџепи

Ренова минимално против Шкупи во Охрид

Тетовска Ренова со минимални 1-0 го совлада Шкупи на контролна средба во Охрид. Стрелец на победничкиот погодок за „гипсарите“ беше Ремзифаик Селмани во 41-та минута од натпреварот.

Викендов, на СРЦ „Билјанини Извори“, Шкупи ќе се сретне со Струга Трим Лум додека Ренова дополнително ќе го објави името на противникот.

OhridNews