Ракометарите на Пелистер се закитија со титулата есенски шампион во Супер лигата, откако први низ целта ја минаа првата и поголемата етапа од националното првенство.
До крајот на есенскиот дел има уште една рунда, но битолските „зелено бели“ имаат бодовна предност што им гарантира останување на првата позиција.
Во пролетната полусезона за доигрување во Супер лигата остануваат уште четири натпревари кои нема да променат многу работи на врвот од табелата, бидејќи ТОП 4 екипите (Пелистер, Еурофарм Работник, Пролет и Охрид) обезбедија солидна предност од осум бодови.
Четирите екипи заедно со Вардар и Металург ќе разигруваат за титулата, додека останатите ќе се борат за опстанок во суперлигашкото друштво.
Двојки: Радовиш – Охрид 26-27, Пролет – Вардар Јуниор 25-21, Борец – Пелистер 14-39, Металург 2 – Еурофарм Работник 22-35.
Табела: Пелистер 33, Еурофарм Работник 25 (-1), Пролет 22 (-1), Охрид 19 (-2), Радовиш 14 (-1), Прилеп 13 (-1), Борец 10 (-2), Металург 7, Вардар Јуниор 3.
OhridNews