Екипите на Пелистер и Шкендија втора година по ред ќе се борат за трофејот во финалето во Купот на Македонија.
„Зелено белите“ во 1/2 финалето го елиминираа тимот на Академија Пандев после изведувањето на пеналите, откако регуларниот дел заврши во корист на струмачини 2-1. Во пенал серијата херој на битолчани беше Илче Петровски кој ги одбрани четири пенали, а ударот од белата точка вреден финале го постигна охриѓанецот Ристе Маркоски.
Шкендија со победата во вториот меч (2-0) ја елиминираше Ренова, откако првиот натпревар заврши 1-1. Таличен за тетовските „црвено црни“ беше македонскиот репрезентативец Бесарт Ибраими кој два пати ја погоди мрежата на „гипсарите“.
Финалниот меч во Купот на Македонија ќе се одигра во месец мај, а терминот дополнително ќе биде одбран.
OhridNews