Ракометарите на Пелистер експресно се вратија на победите во Супер лигата совладувајќи го тимот на Борец пред своите гледачи со 29-25 (18-12) во 16-та рунда од македонскиот шампионат.


„Зелено белите“ со триумфот над велешкиот состав ги залечија раните од поразот во Охрид во супер дербито од Супер лигата.

Со победата избраниците на Касим Каменица го симнаа Охрид од врвот на табелата, но „гладијаторите“ имаат натпревар помалку.

Во останатите мечеви кои се одиграа денеска Вардар Јуниор со 33-25 го совлада Металург 2, додека Пролет ја потврди фаворитска улога против Работнички победувајќи 40-23.

16-та рунда од Супер лигата ќе се комплетира со натпреварите меѓу Прилеп – Охрид и Еурофарм Работник – Радовиш.

OhridNews