Екипата на Пелистер втор пат сезонава го совлада градскиот ривал Еурофарм Работник, откако во првиот меч од втората етапа во Супер лигата славеше со минимални 21-20 (11-10).


Во не толку квалитетна ракометна претстава посреќни и поприсебни излегоа ракометарите на Пелистер кои ја искористија шансата за победа.

Работник во 51-та минута тргна кон победата, кога на семафорот имаа водство од два погодоци (19-17).

Пелистер смогна сили и со серија 3-0 го презеде воството (20-19). Во возбудливиот финиш подобро се снајдоа играчите на Касим Каменица и ја зграпчија победата.

Со трите бодови од дербито Пелистер се изедначи со Охрид на табелата кој мечот од 10-та рунда ќе го одигра на домашен терен против Работнички.

 OhridNews