Атлетико Мадрид со головите на Диего Коста од пенал ја совлада Севиља 2-1 и обезбеди минимална предност пред реванш мечот од 1/2 финалето во Копа дел Реј.


По мирните 45 минути, стрелците се разбудија во вториот дел благодарение на невнимателната игра на дефанзивните фудбалери. Првиот гол Диего Коста го постигна во 49-та минута, а црвен картон заработи Спахиќ. Пет минути подоцна Севиља изедначува од пенал, а предвреме мечот го завршува голманот на Атлетико, Годин. Конечната победа ја донесе Коста во 71-та минута кога по втор прецизно го реалзираше ударот од белата точка.

Реванш натпреварот во Андалузија се игра на на 27 февруари.

Мх.П.