Екипите на АСП ПАК, Кафе бар 9, Стоматолошки центар Др. Баткоски и Сатеска, изборија пласман помеѓу осумте најдобри на турнирот во мал фудбал во Велгошти.
Најдраматично синоќа беше во осминафиналната пресметка меѓу ланските финалисти Кафе бар 9 и Бел Мерцедес која беше решена по изведувањето пенали.
Резултати 31.07.2025 – 1/8 финале
АСП ПАК – Топлина 4:0
Кафе бар 9 – Бел Мерцедес 1:1 (4:3)
Чардак Велгошти – Стоматолошки центар Др. Баткоски 0:4
Сатеска – БЗ Груп 8:1
Осминафиналето ќе се комплетира вечерва со дуелот помеѓу Инекс Олгица и Вила Мина кој се игра од 22 часот. Еден час подоцна, во 23 часот, се игра првиот четвртфинален натпревар помеѓу екипите на АСП ПАК и Ресен.
Г.М.