Од доаѓањето на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ во Челси, екипата доживеа тотален пресврт. Клубот стана стабилен и респектабилен премиелигаш освојувајќи три титули, но во Европа сеуште важи за “мал“ клуб.


Но, “сините“ во овие две години го докажаа сосема спротивното обединувајќи ги титулите во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Ова им успеало само на три екипи Јувентус, Баерн Минхен и Ајакс во две години да ги освојат двете највредни клупски титули.

Приказната на “сините“ во Европа е долга, но секако пред финалето во Минхен, каде Челси по изведување на пеналите го совлада Баерн Минхен најзабележителен момент беше промашениот пенал на Џон Тери во петтата серија со Манчестер Јунајтед. Неколку мигови подоцна “црвени ѓаволи“ се искачија на европскиот трон освојувајќи ја третата титула во ЛШ.


Следната сезона за “сините“ непреминлива пречка беше екипата на Барселона на чело со Пеп Гвардиола. Но, тоа полуфинале покрај голот на Иниеста во судиското продолжение ќе биде запаметено по судиската лакрдија на норвежанецот Евебро, кој го “искасапи“ Челси на „Стемфорд Бриџ“.


Три години подоцна им се врати на “сините“ се што им избега од рацете во претходните сезони. Во финалето на „Алијанц Арената“, Челси беше на работ од бездната, но тогаш Дрогба се издигна погоди за реми и продолжение.


Во продолженијата голманот Петр Чех го скроти ударот на Робен од белата точка и уште три-четири стопроцетни прилики за погодок на “баварците“. Среќата во пенал рулетот им се насмевна и пак Дрогба, кој “ладен како шприцер“ го испрати Нојер на другата страна и донесе неизмерна радост за армијата навивачи на лондонскиот клуб.


Менаџери се менуваа, но хемијата во екипата остана иста и гинеа на теренот еден за друг. На стартот од групната фаза во ЛШ имаа пех кога не успеаја да обезбат пласман во нокаут натпревари. “Сините“ станаа единствен шампион во ЛШ што следната сезона не изборил пласман во нокаут фазата, но и преку тоа поминаа и останаа сплотени еден со друг.

Следуваше многу напорна сезона во Премиер лигата, но тие максимално издржаа до крај и ја добија трката со Тотенхем и Арсенал за местата во ЛШ. Потоа целосно се фокусираа на финалето од Лигата на Европа против Бенфика.

На хартија англискиот преставник беше фавориот поради репутацијата која ја имаат англичаните. Но на теренот беше сосема поинаку иако Челси со голот на Торес поведе со 1-0, а Кардозо изедначи на 1-1 од пенал.

Кога сите очекуваа крај, како на мечот со Барселона на „Стемфорд Бриџ“, тогаш се појави Иниеста, но овој пат во финалето против “орлите“ се издигна Бранислав Ивановиќ, кој како класичен напаѓач реагираше по нафрлената топка од корнер.  Топката одседна во мрежата сите во “сино“ експлодираа од радост и тагата ги прекри играчите и навивачите на Бенфика.


Фудбалерите на Челси знаат како е да се губи, затоа сите до еден им честитаа на своите противници и потоа заслужено се најдоа во друштво на фудбалските гиганти.

Мх.П.