Без победник 1-1 заврши “Ел Класико“ пресметката во Шпанската Примера, одиграна на “Сантијаго Бернабеу“.


Мируваа мрежите во првиот дел, а најголемите возбудување се случија во второто полувреме. Први до предност стигнаа избраниците на Гвардиола преку Лионел Меси од пенал. По прекршокот за најстрога казна на Албиол над Виља следуваше и црвен картон.


Од идентична далечина 11 метри Реал стигна до изедначување. Голот за 1-1 беше дело на Роналдо , за кого ова беше 29 гол сезонава.


Нерешениот резултат и оди во прилог на Барселона која на шест рунди до крајот има осум бода предност.


Наредната пресметка овие два гиганти ќе ја имаат во среда во финалето од Копа Дел Реј.

М.П.