Претседателот Стево Пендаровски, на 22 и 23 јануари 2020 година ќе престојува во посета на Израел, каде ќе учествува на лидерски форум по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц – Биркенау.

Форумот ќе се одржи во Светскиот меморијален центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим на 23 јануари, а се очекува присуство на над 40 шефови на држави и влади, како и членови на кралски семејства.

Во рамки на форумот претседателот Пендаровски ќе присуствува на конференцијата на тема „Сеќавање на Холокаустот и борба против Антисемитизмот“, како и на меморијална церемонија на полагање цвеќе.

Претседателот Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Државата Израел, Реувен Ривлин, како и со други шефови на држави и влади учесници на форумот.

За време на присуството на форумот во Израел по повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот 27 јануари и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц-Биркенау, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска.

OhridNews