Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, прогласувајќи на вториот круг од претседателските избори, потенцира дека тоа е победа на мнозинството граѓани на Република Северна Македонија, независно од етничка, политичка, верска или каква било друга припадност, кои се обидиниле и решиле да продолжат заедно напред.

Порача дека посветено ќе им служи на сите и ќе биде претседател на сите. Додаде дека резултатот од претседателските избори значи и загарантиран пат напред кон НАТО и ЕУ. Вети дека ќе ги поддржува сите политики и чекори кои значат напредок во државата, но и ќе критикува секогаш кога може да биде подобро.

Премиерот Заев оцени дека државата добила Претседател со кој може да продолжи заедно и одговорно напред.

“Ова е победа на концептот заедно напред но пред се е победа на граѓаните. Заедно покажавме дека имаме земја која е европска и дека имаме горд и одговорен народ. Водевме достоинствена кампања и имаме беспрекорно чисти избори. Од денеска ништо повеќе не е исто, никој повеќе нема да застане на патот на прогресот и перспективите, граѓаните го кажаа своето. Нашето место е во НАТО, нашето место е во ЕУ, крај за режимот, нема веќе режим, никогаш” – порача премиерот Зоран Заев.