Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент.

На средбата, претседателот Пендаровски изразиL задоволство за постојаната и отворена поддршка за европската интеграција на Северна Македонија од страна на Европскиот парламент. Истовремено тој го поздравил усвојувањето на резолуцијата по исходот од октомврискиот Европски совет. Усвојувањето на резолуцијата со којашто се бара отпочнување на претпристапните преговори за нашата земја и за Албанија, како што истакна претседателот Пендаровски, би помогнало да се одржи мотивацијата кај нашите граѓани. Во оваа насока тој изразил и задоволство што Европскиот парламент останува посветен на проширувањето.

На средбата со Сасоли, претседателот Пендаровски подвлекол дека одлуката на последниот самит на лидерите во Брисел беше неповолна со оглед на тоа што земјата презеде крупни чекори во внатрешните реформи и добрососедските односи, со цел да напредува во европските интеграции. Тој додале дека одлуката на Европскиот совет да се наврати на прашањето на проширувањето идната пролет може да биде демотивирачка за Северна Македонија и за целиот регион на Западен Балкан.

Претседателот нагласил дека европската интеграција на останува долгорочна определба на државата, мотивација за трансформација на општеството и имплементирањето на европските стандарди.

OhridNews