Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков денеска на прес-конференција соопшти дека секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, кој со бугарски владин авион беше пренесен во Бугарија по инцидентот во Охрид при кој се здоби со повреди, во најбрз можен рок ќе добие бугарско државјанство, јави БНТ.
Пендиков, кој вчера беше отпуштен од Воено медицинската академија во Софија, како што кажа Милков, ќе добие и времено живеалиште, додека престојува во Бугарија.
Тој, според Милков, „се плаши за својот живот“ ако се врати во земјава и затоа се размислува и опцијата да му се даде и лично обезбедување.

Обидите за надградување и за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа минирани од конкретни дејствија на властите во Скопје. Тоа се разбира, одбележува една нова уште пониска точка во нашите односи, изјавил Милков.

OhridNews












