Хрватската ракометарка Андреа Пенезиќ скршена од тага и се обрати на македонската јавност после изгубеното финале во дополнителните десет миниту од Гер со 27-26.
– Немам коментар, грозно се осеќам бидејќи ја испуштив последната шанса да се закитам со европски златен медал. Очигледно, не ни е судено да победиме во финалните натпревари. Се нешто излегува во последен момент и не оди во наша корист. – кратко прокоментира Андреа Пенезиќ.
„Црвено црниот“ состав следната сезона ќе биде драстично изменат, а колку ќе чекаме за следно финале во женска конкуренција во ЛШ останува да видиме.
OhridNews