Првата „пушка“ во нападот на Вардар, Андреа Пенезиќ се најде меѓу трите ракометарки кои ја одбележаа третата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ токму на крилата од Пенезиќ која реализираше десет голови стигнаа до целиот плен на гостување во Русија кај тимот на Астраханочка.
Покрај хрватска интернационалка меѓу трите ѕвезди место обезбедија македонската снаа, Едуарда Аморим Талески од тимот на Ѓер и чуварот на мрежата на Ференцаварош, Мелинда Сикора.
Видео прилогот за трите ѕвезди можете да го погледнете тука, а исто така видео прилози има за најдобрите голови и одбрани.
OhridNews