Ракометарките на Вардар 60 минути ги делат од уште еден пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Вардар, во сабота (17:30 часот), ќе го пречека Митјиланд во возвратниот натпревар во шампионската Лига.
Ракометарките на Вардар со предност од два гола влегуваат во четвртфиналниот реванш против Митјиланд. Во неделата македонските шампионки славеа во Данска 28:26.
„Очекуваме тежок натпревар. Митјиланд е силен тим, но ние сакаме да победиме и во реваншот и со победа да се пласираме на завршниот турнир“, рече тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова.
„Знаеме дека влогот голем. Треба само да го отвориме натпреварот, како што тоа го направивме во Данска. Целта се знае, пласман на завршниот турнир“, додаде Андреа Пенезиќ.
„Црвено црните“ три години по ред обезбедуваат учество на Ф4 турнирот и трите години завршуваат на третата позиција.
OhridNews